Ковачевски: За промена на формулацијата „20 отсто“ потребна е согласност од сите потписници на Рамковниот договор и САД и ЕУ како гаранти

„Процесот на уставни измени е клучен за евроинтегративниот пат на државата и не треба да биде условуван. Амандманите што беа поднесени од страна на Владата беа предмет на работа на работната група составена од експерти по уставно право, бивши уставни судии и претставници од политичките партии, освен претставник на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие во ништо не учествуваат“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по најавите на албанскиот опозициски блок дека нема да ги поддржат уставните измени ако не се тргне формулацијата „јазик што го говорат 20 проценти од граѓаните“ и се замени со „албански јазик“.

„Работната група едногласно сметаше дека во моментов во процесот клучна е европската интеграција и исполнувањето на обврската што Северна Македонија ја има согласно Преговарачката рамка, а тоа е внесување на други делови од народи во Преамбулата на Уставот. И како таков предлог беше изработен и доставен до Владата, по што Владата го разгледа и го испрати до Собранието каде што беше усвоен од страна на Уставната комисија и усвоен на дневен ред на пленарна седница на Собранието“, рече Ковачевски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Законот за јазиците мора да се почитува, но треба и да се зголемат капацитетите во министерствата

Според него, за таква промена потребен е и широк консензус и согласност од сите потписници на Охридскиот (aka. Рамковен) договор, бидејќи истиот бил компромис кој бил одобрен и потпишан во тешки услови, со САД и ЕУ како гаранти.

Ковачевски изрази надеж дека постои демократски капацитет во земјава за да се донесат одлуките кои, како што рече, ѝ се потребни на државата за да го продолжи евроинтегративниот пат и да ги отвори кластерите.

- Реклама -