Продолжува позитивниот тренд на реализација на приходите во буџетот, вели во интервју за „Локално“ заменик министерот за финансии – Димитар Ковачевски, потенцирајќи дека приходите во периодот јануари-јуни се зголемиле за 15.6% во споредба со лани, а капиталните расходи бележат раст од 48%.
Ковачевски истакна и дека очекува сите пратеници да го поддржат ребалансот на буџетот за кој се расправа во собраниската Комисија за буџет. Со тоа ќе се обезбедат финансиски средства за поддршка на здравството и за поддршка на стопанството и работните места, со што ќе се обезбеди заздравување и „враќање на економијата на патот на економскиот раст!”, дециден е тој.
Зголемувањето на стапката за набавка на мебел што е предвидена во ребалансот ја објаснува со потребата за опремување на касарните, инвестиција која, како што вели, е суштинска за секоја држава. Дали по летото може да очекуваме и есенско прекројување на државната каса, Ковачевски нема прецизен одговор.
„Ќе се следат движењата во економијата и доколку има потреба ќе се интервенира на страната на расходите со одлука за прераспределба”, вели тој. Целото интервју прочитајте го ТУКА.