Ковачевски: По интензивна комуникација, Белград ја иззема Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас

„Ветив дека ќе направиме сѐ и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна, мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук, откако српските медиуми пренесоа дека Владата на Србија, сам три дена откако ја донесе, ја измени Одлуката за привремена забрана за извоз на природен гас, со што овозможи гасот сепак да се извезува во Македонија.

Целта на привремената забрана за извоз е да се спречи закана од критичен недостиг предизвикан од глобалното нарушување на енергетскиот пазар, потсетија српските медиуми.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

„Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен балкан, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде највеќе треба, компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата“, додаде Ковачевски во објавата по повод изземањето на Македонија од забраната за извоз.

- Реклама -