„На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија“, потсети премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил.
Како што истакна тој во објавата, НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи.
„Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите и сојузниците во НАТО алијансата, но и фактот што исклучително брзо ја завршивме воената интеграција, ме прави особено горд“, потенцира Ковачевски.
Владата, додаде премиерот, останува посветена на учеството во операциите и мисиите на НАТО.