Ковачевски: Мисијата на Св. Климент Охридски е поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во македонскиот идентитет

Мисијата на Свети Климент Охридски е директно поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во нашиот, македонски идентитет, напиша премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод 8 Декември – празникот Свети Климент Охридски.

„Денеска одаваме почит и го славиме Свети Климент Охридски, ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа. Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во етаблирањето на нашата култура. Неговата мисија е директно поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во нашиот, македонски идентитет. Го осигуравме признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Денес, македонскиот јазик е меѓународно признат, покрај во Обединетите нации, рамноправно е застапен заедно со сите други европски јазици и во Европската Унија“, потенцира Ковачевски во честитката.

Како што успеал Свети Климент во неговата мисијата, вели Ковачевски, сите ние имаме должност и обврска да успееме во надминувањето на секој предизвик, трпеливо, со храбри дела и со позитивни примери, со разбирање и помагање да ги заштитиме вредностите што нѐ обединуваат како граѓани, како народ и како држава.

- Реклама -