Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, истакна дека работна група работи на подготвување на предлог за покачувањето на платите на именуваните и избрани функционери.
„Во однос на платите на избрани и именувани функционери, градоначалници, судии, пратеници, обвинители, директори, 21 министер… Во однос на тоа, има работна група која работи на предлог кој треба да биде доставен до Собранието и Собранието да го каже својот финален збор“, рече Ковачевски на новинарско прашање.
Прашан зошто толку долго се чека за закон, со оглед дека работната група работи веќе една година, Ковачевски одговори дека тоа треба да го каже работната група.
„Ги прашувам, велат дека работат“, рече тој.
Ковачевски потенцира дека нему не му следува покачувањето од 400 евра што именуваните и избрани функционери ќе го добијат од овој месец, бидејќи, како што рече, од 28 јануари ќе настапи техничка влада.
„На мене не ми следува покачување, бидејќи јас на 28 јануари ќе има седница на Собрание на која ќе настапи техничка влада со технички премиер“, рече тој.