Ковачевски: Ќе побараме одговор од МНР зошто нашата национална телевизија не се емитува во Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека ќе побара информација од Министерството за надворешни работи зошто програмата на македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ) кај нас.

„Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи, и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции, тогаш ќе го споделиме со вас“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со Договорот за пријателство со Бугарија, според кој националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Македонија, така и во Бугарија, што не е случај кај нашиот источен сосед.

Прочитајте и:  Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Извор: МИА

- Реклама -