Ковачевски: Димитров е незадоволен што не е дел од Владата, тоа што го кажува воопшто не е точно

Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) – Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието поддржана од сите партии, вели претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада – Димитар Ковачевски, по денешната прес-конференцијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

„Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во Владата. Тоа што го кажува воопшто не е точно“, смета Ковачевски.

Димитров, додава тој, лично бил дел од градењето на истите тие позиции.

„Македонскиот јазик и македонски идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор. Дали господинот Димитров е против овие изградени државни позиции во однос на разговорите со Бугарија и во кој дел треба да каже самиот. Граѓаните да бидат спокојни дека Владата во целост ќе ги заштити националните интереси, а преговорите на ниеден начин не се загорезени со заминувањето на Димитров“, вели Ковачевски.

- Реклама -