Костовски за стечајот на „Еуростандард“: СДСМ планира приватизација на Македонски пошти, се прави „размена на територии“

Стечајот на банката се кроел подолго време, а случајот е директно поврзан и со Македонска пошта, односно планот на главните играчи во власта за иднината на ова претпријатие, оцени Трифун Костовски – сопственикот на „Еуростандард банка“, во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ „Алфа“.

Според него, СДСМ и ДУИ прават еден вид „размена на територии“ и целта е Македонски пошти да се приватизира и да премине од раководство на ДУИ во рацете на СДСМ:

„Убеден сум дека тоа е план кроен многу одамна, и сега дојде време на финализација. Само наивен човек може да верува дека Македонски пошти како потенцијал се за верување. Имаат 330 експозитури, тоа се најмногу експозитури во Република Македонија и сега видете што се случува, со еден удар се убиваат две муви. Македонски пошти се ставени на колена, ќе има отпуштања на вработени…

Прочитајте и:  Даути: Законот за бранители не може да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика, нема деловнички можности

Веќе има и најава, размена на територии, условно кажано. Ако ДУИ до сега ја владееше македонска пошта, сега ќе биде СДСМ. Видете вака, тоа само на мало дете може да му изгледа наивно. Ни најмалку не е наивно, со еден удар две муви убија, Банката ја уништија, Македонски пошти ќе ги симнат на колена, ќе има отпуштања, ќе ја купи некој за евтини пари“, рече Костовски.

Во однос на стечајот, тој порача дека „Еуростандард банка“ има доволно капитал да ги подмири сите отштети, но само доколку стечајот заврши во максимално брз временски период.

„Банката има доволно и капитал во готовина и хипотеки и недвижнини кои што ќе ги подмират сите оштетени на банката. Ама тоа мора да биде под услов доколку целиот стечај се заврши максимално брзо“, рече Костовски.

- Реклама -