„Почитувани, Во изминатиов месец до мене како градоначалник пристигаат информации дека во некои од клоновите на градинката 11 Октомври во Општина Бутел, од страна на некои воспитувачки и негователки се врши одредено несоодветно однесување према згрижените дечиња. Дури и сомнение за одредено насилство“, објави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
„Јас лично како градоначалник пред две недели, по добиени информации охрабрив родители да покренат постапка со која што градинката спроведе дисциплинска постапка поврзана со сличен настан, за да пред неколку дена го направам истото за друг сличен настан и друга случка“, пишува тој на Фејсбук, при што ги охрабрува сите родители, доколку имаат вакви или слични проблеми, веднаш да пријават до матичната градинка или пак до Општина Бутел, поточно одделението за јавни дејности. „Секако, ако има посериозни показатели да пријават и до јавното обвинителство Скопје. Веднаш!“, повикува Костовски, со ветување дека доколку ваквите наводи се покажат точни, тој лично ќе ги искористи сите законски средства.
„Не би сакал да верувам дека имало било какво насилство врз дечињата во предшколска возраст, уште помалку би сакал да верувам дека некои од раководните кадри на градинките знаеле за ваков или сличен настан а не пријавиле веднаш. Доколку има нешто реално од горенаведеново ви ветувам дека јас лично ќе отидам до самиот крај на постапките предвидени согласно прописите и кривичниот закон
На овој телефонски број 075274421 можете да пријавите било каков сомнеж за несоодветно постапување од вработените во градинките при Општина Бутел. Во период од 09:00ч до 16:00ч, секој работен ден од понеделник до петок.
Во следниот период од страна на мојот кабинет ќе бидат контактирани буквално сите родители да го искажат својот став поврзан со услугите од градинките“, порача Костовски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ