Костадинов: Зборот е збор. Градежната офанзива започнува со улицата „Ценка Павлова“

„Зборот е збор. Градежната офанзива започнува со улицата Ценка Павлова“, соопшти на Фејсбук градоначалникот на Струмица – Коста Костадинов.

„На нашата европска Струмица ѝ доликуваат убави улици и булевари. Токму затоа, ги засукавме ракавите и се зафативме веднаш со ставање втор слој асфалт.

Денеска, започнавме со улицата ‘Ценка Павлова’, а во наредните денови продолжуваме уште на 7 улици во градот“, најави тој.

Во објавата, Костадинов додаде и дека тој и неговите соработници ќе работат секојдневно, дека ги утврдуваат приоритетите и дека ги слушаат граѓаните.

„Имаме голема желба, сила и потенцијал. Знаеме и можеме.
Од срце за најдобрата верзија на нашата Струмица!❤️ “, додаде Костадинов во објавата.

Прочитајте и:  Костадинов: Намерата не е да излезам од ЗЕЛС, намерата е да го вклучиме алармот, водата за пиење во Струмица е здрава и безбедна

- Реклама -