Пратеникот и портпарол на СДСМ – Костадин Костадинов, на социјалните мрежи, се пофали дека „потрошил“ вкупно 0 денари на патни трошоци, службен телефон, но и за закуп за стан.
„Искрениот пристап кон вас што ме плаќате продолжува и никогаш нема да се смени дури ја имам честа од вас граѓаните на Струмица да бидам во политиката. Ако се сака, се може“, порача Костадинов.