Костадинов: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се гневни зашто паднаа во вода сите лажни тези кои ги пласираа

Гневот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е голем по изгласувањето на петтиот сет економски мерки, а причината за тоа е што со самото гласање со 62 пратеници „За“, паднале во вода сите лажни тези кои тие ги пласирале – тврди портпаролот на СДСМ – Костадин Костадинов.

„• Падна тезата дека владејачкото мнозинство не е стабилно!
• Падна тезата дека некои пратеници од владејачкото мнозинство размислуваат да ги поддржат нивните политики.
• Падна тезата дека тие се загрижени и бараат итна седница за петтиот сет економски мерки, напротив се докажа дека беа до крај деструктивни.
• Падна тезата дека буџетот бил празен и државата немала пари за исплата на помошта кон граѓаните и компаниите.
• Падна тезата дека тие се одлучувачки фактор во Парламентот“, порача, на Фејсбук, Костадинов.

„Видовме сите, освен за ширење хистерија за друго и не ги бидува. Жалам што 60.000 работници беа мета на ВМРО-ДПМНЕ, сепак на крај пораката до граѓаните е јасна и прецизна. Нема да дозволиме калкулации со интересот на нацијата, успеавме без неработниците од ВМРО-ДПМНЕ“, додаде портпаролот и пратеник на СДСМ.

- Реклама -