Костадинов: Каде му се протестите на Мицкоски? Нели 24 часа ќе беа на улиците?

За Христијан Мицкоски зборот нема никаква вредност, порача денеска портпаролот и пратеник на СДСМ – Костадин Костадинов, потсетувајќи на најавите на Христијан Мицкоски дека по 17 октомври тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе излезат и секојдневно ќе бидат на улиците и плоштадите, а денес, како што вели Костадинов, никаде ги нема.

„Каде му се протестите на Мицкоски што силно ги најавуваше со денови? Нели 24 часа ќе беа на улиците, на плоштадите? Или знае дека нема поддршка кај граѓаните па затоа си остана во белиот дворец и во партиските штабови“, прашува Костадинов.

Тој порача дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат само обнова на peжимот и кpиминaлот и затоа ја немаат поддршката. Граѓаните не сакаат нов peжим, изолација, поделби и тензии, туку сакаат да продолжат на прав пат, на патот кон слобода, развој и интергација во ЕУ и НАТО, оценува портпаролот на СДСМ.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Тој истакна дека СДСМ периодов одржала 12 граѓански трибини и сите биле масовно посетени, како и дека сите сугестии, коментари и забелешки од граѓаните на овие трибини, но и маалските средби, ги преточуваат во решенија кои ќе бидат вметнати во новата програма на СДСМ.

 

 

- Реклама -