Да, Teylor. Во својот најнов
спот најпопуларниот струмичанец ја опејува филмската кралица Елизабет Тејлор.
Спотот изобилува со невидени визуелни ефекти, исечоци од познати
филмови на дивата, фотомонтажи и беспрекорна режија. Со еден
збор(имеипрезиме) – Коста Бургов.
спот најпопуларниот струмичанец ја опејува филмската кралица Елизабет Тејлор.
Спотот изобилува со невидени визуелни ефекти, исечоци од познати
филмови на дивата, фотомонтажи и беспрекорна режија. Со еден
збор(имеипрезиме) – Коста Бургов.
Ова мајсторско аудио-визуелно пакување од 8 мегабајти може да го преземете(имате за себе) тука.
* Во вторник навечер на 11.04. Коста Бургов ќе биде гостин на City Radio во емисијата Балканска е-Банка.
Водители: Викса, Јохан и Докторот
почеток: на полноќ
City Radio winamp audio stream
Како прилог следи интервју со Коста, дадено деновиве.
Интервју: Коста Бургов
1. Прво прашање, Косте, како ти почна да се занимаваш со оваа работа. Кој те убеди?
– Никој не ме е убедил желбата уште од мал тлееше во мене, мојата мајка се занимаваше порано со музика и јас музичките особини ги наследив од неа. Првиот настап ми беше 1986 година во Нови Сад на матурската ноќ, и тогаш оставив добар впечаток кај мојата генерација и така се започна.
2. Колку години трае твојата кариера, која е првата песна што си ја испеал, и колку песни досега имаш создадено?
– Мојата музичка кариера почна 1986 но тоа беше само аматерски, но професионално почнав 1993 кога ја извадив мојата прва музичка нумера “Да не тагуваме” за фестивалот Струмичка пролет на кој што освоив втора награда од публиката. Досега имам снимано 20 песни и уште 6 кои се во тек на снимање за новиот албум кој ке носи наслов “Моите животни инспирации” со тематика за холивудските звезди.
3. Дали некогаш си пеел во рок бенд, како и повеќето млади?
– Не
4. Дали е точно дека си бил објавен во странски списанија, како и во Чао и Македонско сонце?
– Да тоа е точно, 1990 година бев објавен во Чао а во 1995 година во Македонско сонце.
5. Последниве години Ти си еден од ретките музичари кои може да се пофали со својата хиперпродуктивност, тоа го правиш затоа што навистина ја сакаш музиката или можеби затоа што си во постојана потрага по место под музичкото небо?
– Секако дека на секој човек инволвиран во музичките води му е сон да се најде под музичкото небо кое носи доста слава и успех. Го чуствувам мојот талент за музика и се трудам да се најдам мегу другите звезди и се разбира дека човек за да се најде мегу нив нормална работа е да ја сака музиката и да ја чувствува во душата.
6. Зошто токму големите холивудски имиња наоѓаат места во твоите нумери?
– Едноставно сакам да бидам поразличен од другите обработувам теми кои се несекојдневни и теми за кои има многу да се каже тоа се личности кои ја имаат креирано нашата иднина и минато кои што имаат оставено траен белег во светската историја.
7. Во твоите спотови во последно време забележлив е моментот на ексклузивност, раскош… Од каде ги наоѓаш тие прекрасни кадри, од филмските класици и кадрите од нив?
– Во поголем дел од моите спотови се користени филмски класики бидејки за личностите кои ги опејувам имаат доста снимен видео материал и се трудам да го доловам нивниот лик во целост.
8. Дали е досега е најавена некоја судска тужба од Сансет булевар, за бесправно користење на кадри филмовите?
– Не досега не сум имал проблеми од ваков тип а и мислам дека и нема за што да се води судски спор бидејки јас едноставно пеам за нив и подобро би било нивните оригинални ликови да бидат составен дел од моите спотови, па затоа мислам дека нема да дојде до таква појава.
9. Опејуваш диви, кои се покојни или на залезот на кариета. Кога Мислиш да опееш некои од актуелните ѕвезди како Анџелина Џоли, Никол Кидман, Шеон Стон. . .?
– Едноставно старите звезди во себе носеа доста природна убавина , што за разлика од сегашните тешко дека некоја располага со природна убавина на која би биле сите поносни , сега доста работи светската пластична хирургија која ги прави вештачки и затоа нивните имиња не се задрзуваат толку долго на музичката и филмската сцена за разлика од постарите времиња.
10. Познат си по тоа што твојот стил е да ги опејуваш најголемите холивудски ѕвзеди, па кажи ни кој е твојот омилен лик и дали според твојата музичка борба се сметаш за бунтовник со причина?
– Џејмс дин ми е еден од омилените луге кој во себе е носел бунтовнички дух и за своите 24 години има снимено 3 филмови кои се оставиле длабок впечаток во светската филмска историја.
11. Зошто досека не си опејал ниту една порно ѕвезда? Дали не ти се инспирација?
– Малку е провокативно прашањето вреди идејата можам искрено да размислам , има премногу порно звзди кои вредат да се опеат но сепак гледени од друга гледна точка но за тоа треба малку да созреат Македонските провинцијални умови, бидејки доколку би создaл таква песна со таков карактер ке има бурни реакции од многу страни.
12. Полека чекор по чекор си го најде своето место на естрадата опевајќи дел Холивуѓани. Дивите од големиот екран се твоја инспирација и животна пасија за големите хитовски остварувања.Зошто токму тие се опеани во твоето музичко творештво и која ти е омилена?
– Тоа ми се омилени ликови на кои вечно им се дивам и восхитувам и сеуште после долг период сеуште нивните песни филмови и имиња сеуште се вртат по телевизиските екрани, најомилени од звездите ми се Грејс Кели , Натали Вуд и Мерлин Монро. И во тек сум на изрботка на нов спот за тие звезди кои ги спомнав.
13. Во шоубизнисот се вратат големи пари. Која е Твојата цена и дали досега некој те зафркнал?
– Има многу народ во Македонија кои сакат преку ноќ на туѓа мака да дојдат до некои пари имало е и такви случаеви но сепак да гледаме на светлата страна.
14. Што се се случуваше во Скала? Дали е точно дека воопшто не си му помогнал на Твојот другар Маријан Тнгчев. Дали меѓу меѓу вас има љубоморство, завидлак или пријателство?
– Во Скала имаше прекрасна забава и добар провод, тоа беше период во кој што настапувавме заедно имаме и видео запис од тие луди ноки, потоа секој тргна по свој пат да гради кариера така да мислам дека не постои простор за некакви лјубоморни ситуации и кавги што се однесува од моја страна а за другата страна неможам да дадам изјава најдобро би Ви било да го контактирате и да го прашате за негово мислење.
15. Која е најголемата ѕвезда според тебе во македонската музика?
– Тоше Проевски и Каролина Гочева.
16. Зошто беше одбиен од домашниот Евросонг?
– Песната беше со поголема минутажа од вообичаената па мислам дека тоа беше и причината за одбивање на истата.
17. Дали е вистина дека сакаш да се заглавиш во лифт со Ребека?
– Тоа беше новинарско прашање сепак секој човек би сакал со прекрасно убава жена да се заглави во лифт.
18. Зошто ја одби понудата на Свет да се сликаш гол?
– Секој бизнис подлежи на добра финансиска поткрепа во овој случај тоа беше занемарено а и немам искрено желба да го сторам тоа од мои лични причини и од менталитетот на многу луге кои не опкружуваат.
19. Интересно е за женската публика да откриеш дали има некоја девојка која во реалниот живот ги окупира твоите мисли и срце или си слободен и отворен за средби, дружења и љубов?
– Отворен сум за средби и за искрено дружење сеуштен е сум во љубовните води до тој степен но сепак нормално дека секој човек сака да влезе во нив сеуште има време за тоа.