Коста Бургов: Некои тоа го сакаат жешко

kostabНе­о­дам­на во луксузна вила
во Моноспитово, струмичанецот Коста Бур­гов сними спот за песната
“Волшебна кралица-Елизабет Тејлор”. Со тоа са­мо го продолжува
самозацраниот тренд да ги опејува холивудските митови, од­нос­но сe што
носи предзнак “celebrities”.


kostabНе­о­дам­на во луксузна вила во Моноспитово, струмичанецот Коста Бур­гов сними спот за песната “Волшебна кралица-Елизабет Тејлор”. Со тоа са­мо го продолжува самозацраниот тренд да ги опејува холивудските митови, од­нос­но сe што носи предзнак “celebrities”.

По спотот за Елвис Присли и Елизабет Тејлор, најавува спот за уште ед­на од неговите музи – Грејс Кели. И во него, како во претходните два, ќе ко­ри­сти кадри од филмовите со Грејс, која по холивудската актерската кариера ста­на принцеза на кралскиот двор во Монако, но трагично загина во со­о­бра­ќај­ка, со што остави траен белег во авторската инспирација на Коста.

А би­деј­ќи во песната се спомнуваат и Мерилин Монро и Натали Вуд, Бургов  во спо­тот ќе вметне и кадри од филмот на Мерилинка “Некои тоа го сакаат же­шко”, особено од жешките сцени во возот.

 

„Волшебна кралица-Елизабет Тејлор“ можете да ја чуете тука.

 

Вечер 

- Реклама -