Косовската министерка за правда Аљбуљена Хаџиу денеска изјави дека претседателката на Косово, премиерот и претседателот на Собранието, Вјоса Османи, Албин Курти и Гљаук Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија, пренесе Бета.
Хаџиу на прес-конференцијата не ги откри деталите за оваа тужба, но рече дека се работи на неа, јавуваат приштинските медиуми.
„Што се однесува до тужбата за геноцид, таа е во програмата на Владата. Во овој процес се ангажирани Курти, Османи и Коњуфца. Поради чувствителноста на ова прашање не можеме да дадеме повеќе детали, но ве уверувам дека се занимаваме со ова прашање“, рече Хаџиу.
МИА