Петрит Селими, заменик министер за надворешни работи на Косово, објави на својот профил на Твитер дека земјата од 2016 година ќе се натпреварува на најголемиот музички натпревар – Евровизија.
Имено, Европската радиодифузна унија ја одобрила апликацијата на Косово.
Веста ја пренесоа евровизиските портали, наведувајќи дека Косово не е признаено од сите земји на Европската унија, па се поставува прашањето како ќе се одвива гласањето.