Косово е најамериканската држава во светот

Фото: GazetaExpress

Новиот американски амбасадор на Косово – Филип Коснет, му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Косово – Хашим Тачи. Коснет оцени дека „никаде нема такви односи“ како што се оние меѓу САД и Косово.

„Служев на Косово и пред 15-тина години и драго ми е што се враќам овде да го видам напредокот кој е постигнат. Нашата влада е овде за да ве поддржи. Односите на САД и Косово се такви што не можат да се споредат со односите меѓу две држави било каде во светот“, изјави Коснет.

Тачи, пак, врати дека американскиот амбасадор е среќен човек, бидејќи служи во „најамериканската држава на светот“. Косово засекогаш ќе остане благодарно за непрекинатата помош на САД, истакна косовскиот претседател.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда
- Реклама -