Космички прав најден на крововите во европските градови

pariz_krovovi[1]

Во три европски града е пронајден космички прав на крововите. Ситните честички од вселената се стари повеќе од 4.6 милијарди години, колку и Сончевиот систем.

Обично, кога сакаат да соберат вселенски прав, научниците го посетуваат леденото пространство на Антарктикот. Но ете, сега за прв пат успешно најдоа и во градовите.

До откритието, поточно до космичкиот прав, стигнале откако просеале околу 300 килограми нечистотија која се собира на покривите во Осло, Берлин и Париз. Потоа со користење на магнети успеале да ги извлечат честиците кои содржат магнетни минерали, и успеале да утврдат дека околу 500 од нив припаѓаат т.е. се космички прав.

„Уште од 40-тите години на минатиот век знаеме дека космичкиот прав континуирано паѓа низ нашата атмосфера, но сé досега мислевме дека не можеме да го детектираме во опкружување во кое постојат милијарди честички прав со потекло од Земјата“, вели Метју Генџ од Империјал колеџот во Лондон.

Интересно е како доаѓа до откритието. Имено, Генџ бил контактиран од еден научник-аматер, кој сугерирал дека космичките честици можат да се најдат и во градовите. И покрај првичниот скептицизам, Генџ се нафатил на „проектот“, за наскоро да откријат дека честиците се три пати поголеми од тоа што се сметаше досега.

„Ова е важно откритие бидејќи фосилната космичка прашина ни е потребна за да го реконструираме геолошкото минато на Сончевиот систем“, вели Генџ.

Извор: Lonely planet

- Реклама -