Кошмарот кој следува по секс со женет човек

 

Сексот со оженет човек може да има три сценарија. Првото е да се работело само за една ноќ, по која повеќе нема да се видите и ќе се чувствувате безвредно, втората е да се задлабочи односот и да се заљубите, можеби и тој во вас ( развод, проблеми, карма), а третата е завршите со бременост.

121003041920-sex-money-relationships-story-top

Ниту една од опциите не е добра. Погледнете кои се неговите чувства после првиот секс со вас:

1. Вие сте само личност со која ја изневерил својата партнерка.

2. Не ве познава.

3. (Не) ве смета за привлечни, сеедно сака само секс.

4. Авантурата со вас е грешка која не смеела да му се случи.

5. Мисли дека таквото однесување ви е вообичаено и ве смета за лесна жена.

6. Бил пијан.

7. Таа ноќ треба да остане тајна.

8. Го гризе совест и има морален двобој. Да, мажите можат да имаат длабоки двобои кога ја споредуваат жената што ја сакаат, со глупоста која ја направиле.

o-MEN-WANT-SEX-facebook

Ако веќе се решите да влезете во ваков однос не очекувајте премногу од него. Меѓутоа доколку дојде до третото сценарио и останете дека сте бремени тоа е дефинитивно најголемиот кошмар кој може да ви се случи. Не само вам, туку и за човекот кој имал секс со непозната или позната жена – сеедно, не со НЕГОВАТА! Тој ќе биде исплашен, бидејќи сетоа ова за него е непланирано.

Останатото ќе зависи од вас. Пред да размислувате хипотетички како би реагирале, размислете дали навистина вреди да го погазите вашето его, совест или статус легнувајќи во креветот со човек што не е само ваш.

 

- Реклама -