Кошаркарите на Србија и Литванија први обезбедија настап на Евробаскет 2025 година.


Кошаркарските репрезентации на Србија и Литванија се првите две репрезентации кои со своите резултати во квалификациите обезбедија пласман на завршниот турнир на Европското првенство, придружувајќи им се на Финска, Летонија, Полска и Кипар, кои заеднички ќе го организираат натпреварувањето, кое ќе се игра од 27 август до 14 септември 2025 година

Србија во неделата во Белград ја совлада Данска со 98:51 и со максимални 4:0 го обезбеди првото место во групата Г, во која Грузија ја совлада Финска со 81:64 и го држи второто место со 2:2. Грузијците во февруари ќе ѝ гостуваат на Данска и со победа можат да обезбедат пласман на Евробаскетот.

Во Клајпеда, Литванија беше подобра од репрезентацијата на Македонија со 94:72. На Литванците во неделата требаше да им се придружи Естонија, но Полска славеше во Талин со 88:86 и ја оствари првата победа во групата Х. За Полјаците тоа е неважно, бидејќи имаат место на завршниот турнир. Втората шанса за пласман на ЕП, Естонците ќе ја имаат во февруари кога ќе ја пречекаат Македонија во Талин.

Хрватска беше беа убедливо поразена на гостувањето кај Босна и Херцеговина која пред полните трибини на сараевска „Скендерија“ победи со 110:90 и со тоа обезбеди предност во меѓусебните натпревари во случај на ист резултат на крајот од квалификациите.

Така Хрватска го доведе во прашање пласманот на ЕП. Имено, Франција по четири кола е прва во групата со учинок од 4-0 по денешната победа над Кипар (85:70). Хрватска и Босна и Херцеговина имаат 2-2, а Кипар 0-4, но како еден од кодомаќините на Евробаскетот има загарантиран пласман на завршниот турнир.

Во последното квалификациско коло, кое ќе се игра во февруари 2025 година, Хрватска ќе ја пречека Франција (21.2.) и ќе гостува на Кипар (24.2.), додека БиХ пров ќе биде домаќин на Кипар (21.2.), а во последното коло ќе гостува во Франција. Многу реално е дека и Хрватска и БиХ ќе остварат победи против Кипар, па второто место ќе го решава настапот против Французите. Тоа би значело дека на Хрватска и е потребна победа над актуелниот освојувач на олимпиското сребро и пораз на кошаркарите на БиХ во Франција за да се пласира на Евробаскетот.

Пласман на Евробаскетот во понеделник можат да го потврдат Израел и Португалија или Словенија од групата А, Италија и Турција од групата Б, Белгија и Шпанија од групата Ц и Црна Гора и Шведска од групата Д.

- Реклама -