Раководството на општина Корлеоне, вклучувајќи го градоначалникот и општинските советници, е распуштено поради сомневањата за врски со мафијата.
Светското гратче во северна Сицилија, во близина на Палермо, е овековечено во филмот на Марио Пузо “Кум”. По него се крстени Дон Корлеоне и другите ликови од мафијашката фамилија.
Таму се родени и легендарните шефови на мафијата Салваторе “Тото” Рина и Бернардо Провенцано.
По смртта на Провенцано во јули, градоначалничката Леа Саво ги повика сограѓаните – “речиси сите жители на Корлеоне да ја остават зад себе оваа страница од криминалната историја, од која што беше дел починатиот бос”.
Идејата се состоеше од тоа сè да започне “на чисто”, но сега и таа ќе мора да си ги спакува куферите и да го препушти управувањето со Корлеоне на централната власт.
Одлуката за распуштање на општината беше донесена на седница на италијанскиот Министерски совет оваа недела по предлог на министерот за внатрешни работи Анџелина Алфано.
Како причина беа наведени утврдени неправилности во општината по проверката што започна во јануари. Станува збор за сомнителна јавна набавка за изградба на мултифункционална спортска сала.
Уште во 2014 година обвинителството на Палермо го уапси општинскиот службеник Антонио ди Марко, познат како локален мафијашки шеф.
Ди Марко одговарал за спортската сала, каде се одржувале и мафијашки состаноци. Тој бил прислушуван, а од неговите разговори станува јасно дека вршел притисок врз општинските власти за да управува со изградбата на новиот објект.
Меѓу истрага е и братот на градоначалничката, Џовани Саво. Во снимените разговори тој е опишуван како “наш човек кој има врски со членови на кланот на Тото Рина”.
На сослушувањето пред комисијата “против мафијата”, градоначалничката на Корлеоне вели: ” Можеби сум постапила лекомислено, можеби немам доволно искуство или сум делувала неодговорно, но дефинитивно немам ништо заедничко со мафијата. Ќе се откажам од своето семејство, ако брат ми е поврзан со криминална организација “.
Леа Саво е носител на награда што го носи името на судијата Паоло Борселино. Борселино е едно од најлегендарните имиња во борбата против мафијата во Италија. Тој бил убиен во 1993 година заедно со петмината телохранители пред домот на неговата мајка.
Никогаш општината не била распуштена поради мафијата
Неодамна имаше доста незадоволство околу начинот на кој се раководи општината во Корлеоне. Пред неколку недели четворица општински советници од опозицијата поднесоа оставки.
Општината никогаш не била распуштeна поради мафија.
„Се случи неизбежното, но не сум задоволен. Виновни се владетелите, неспособни да се спротивстават на мафијата.” – вели синдикалистот Дино Патерностро.
Според жителите на сицилијанското градче на тој начин Корлеоне се враќа назад за триесет години.
„Ова е болен момент за сите чесни луѓе во Корлеоне, кои немаат ништо заедничко со мафијата и мафијашите.”, вели Марио Џаратина.
Поклон пред домот на Рина
Случувањата во Корлеоне не се изненадување, туку логична последица од серијата погрешни активности кои лесно можеа да се спречат, убеден е Фаусто Рачити од Демократската партија во Сицилија.
Во јуни верската поворка во чест на Свети Јован, која минува низ градот, одеднаш запира пред куќата на Тото Рина – мафијашкиот бос отслужува доживотна затворска казна.
Во центарот на градот, точно пред куќата на босот, еден од возачите одѕвонува на камбаната и сите запираат. Од терасата ги гледа Нинета Багарела, сопругата на Рина. Се смета дека достоинствената дама е исклучително почитувана во мафијашките кругови.
Во маршот учествуваат и локалните полициски началници, кои веднаш се одделуваат од поворката. Тие му испраќаат извештај на локалното обвинителство за борба против мафијата.
Случката покажува дека „Коза Ностра“ е жива и тогаш кога Рина продолжува да стекнува сериозно влијание во мафијашкиот клан.
Започнува истрага за застојот и од првите резултати станува јасно дека еден од возачите на поворката, кој всушност дава знак за запирање пред домот на Рина, е втор братучед на сопругата на мафијашкиот бос.
Парохискиот свештеник отец Доменико Манкузо објаснува со горчина дека во принцип никогаш не се правеле постојки пред куќите на познати луѓе и не било предвидено такво кочење.
„Требаше да бидеме повнимателни.“ – Објаснува свештеникот.
По непријатната епизода одлучено е поворката за Свети Јован да не поминува по улицата на Рина.
Шефовите се реорганизираат
И покрај сериозните напори на италијанската држава да се справи со мафијата, Коза Ностра не се предава. Локалните мафијаши со нетрпение го очекуваат излегувањето од затвор на Џовани Гридзафи, кој според нив ќе ја прероди организацијата како во старите добри времиња.
Шефовите се обидуваат да се реорганизираат. Тие се свесни дека се потребни нови начини на инфилтрирање и на акција, кои треба да бидат незабележителни.
Властите нема да толерира убиства, престрелки и закани за јавниот ред и безбедност. Но, ако работите се скриени-прикриени – изразени преку рекетирање, дрога и нови канали, има голема шанса Коза Ностра да остане незабележана.
Така организацијата тивко ќе напредува и ќе создава врски со луѓе од политиката и бизнисот.