Корисниците на iPhone бесни: Батеријата им е слаба, телефонот прегрејува!

По инсталирањето на новата верзија на iOS, дел од корисниците на телефоните на Apple се жалат на прегрејување и кратко траење на батериите, како и на проблеми со 3G мрежата.

Apple уште на крајот на јануари ја објави надградената верзија на својот оперативен систем iOS 6.1 кој милиони корисници го инсталираа на своите модели на iPhone. Оваа верзија донесе неколку подобрувања како поддршка за LTE на некои пазари, но се чини дека на многу корисници им донесе и големи проблеми.

low-battery-iphone-4s

Бројни медиуми пренесоа дека уште од објавата на оваа верзија на крајот на јануари корисниците на iPhone на разни форуми пријавувале проблеми дека нивните телефони по инсталирањето на iOS 6.1 прегрејувале и дека батерија многу брзо се празнела. На The Next Web велат дека проблемот е толку голем што компанијата Vodafone во Велика Британија им испратила на корисниците на iPhone 4S СМС порака во која ги предупредила, ако се уште не го инсталирале iOS 6.1, да не го прават тоа и ги советувала да почекаат објава на нова верзија во која Apple ќе ги поправи проблемите со 3G мрежата.

ios61iphone1_2040_large_verge_medium_landscape

На оваа страница се напоменува дека проблемите со новиот софтвер за iPhone не се лимитирани само на моделот 4S во Велика Британија, туку се однесува на повеќе модели на телефони на Apple ширум светот.

Од Apple нема официјални информации за прегрејување и послаба батерија на телефоните така што не е познато колку корисници ги имаат овие проблеми и се шпекулира дека тие се поврзани со мејловите и со Microsoft Exchange.

Apple наводно веќе работи на нов оперативен систем, така што ако до сега не сте го надградиле вашиот почекајте ја верзијата 6.1.1 за да ги избегнете потенцијалните проблеми со траење на батеријата и со прегревање.

Ова не е првпат да се забележани грешки со надградбата на софтверот за iPhone – пред неколку години по надградбата на iOS4 бројни корисници, исто така, се пожалија на кратко траење на батеријата што компанијата го реши со нова надградба на софтверот.

- Реклама -