Корисни совети за оние кои ги мрзи да чистат

Не секој е роден за чистење по дома. Постојат такви за кои чистењето претставува некој вид терапија во која го „пуштаат мозокот на пасење“, но и такви на кои им се крева косата од самата помисла на крпа и прашина.

Difficult cleaning jobЧистењето не мора секогаш да ви предизвикува непријатно чувство. Се што ви е потребно се паметни и брзи совети што ќе ви помогнат задачите да ги извршите што побезболно и поефикасно.

1. Не можете да ја дофатите пајажината на плафонот? Надувајте балон и фрлајте го кон подрачјата со пајажина. Балонот со леснотија ќе се залепи за неа.

2. Мелницата за кафе е легло за нечистотија? Ставете во неа сиров кафен ориз и мелете додека мелникот не биде сосема чист.

3. Вештачкото цвеќе е полно со прав? Ставете го во хартиена кеса со една шолја сол. Затворете ја кесата и убаво протресете.

4. Ви се расипа течност во микробрановата? Покријте го валканото место со мокар хартиен бришач и пуштете ја печката на најслабо десетина секунди. Течноста ќе се впие во хартијата.

5. ‘Рѓа на садовите? Налејте ги со Кока-кола и пребришете ги со сјајната страна на алуминиумска фолија.

men-housework

6. Валканиот сунѓер за миење садови ставете го во микробранова додека е влажен и загрејте го на слаба температура една минута. Ова ќе ги убие сите бактерии што се наоѓаат на него и повторно ќе може да го употребите.

7. Ролетните ви се полни со прав? Исчистете ги со влажен хартиен бришач кој се леснотија ќе ја собере цела нечистотија.

- Реклама -