Бразилскиот клуб Коринтијанс е првиот финалист на Светското клупско првенство што се одржува во Јапонија. Во првиот полуфинален меч, Коринтијанс успеа со 1-0 да го совлада египескиот тим Ал Ахли, со погодокот што во 30.минута го постигна Паоло Гереро.
Шампионот на Јужна Америка ја оправда фаворитската улога против првакот на Африка, но, сепак, не стигна лесно до триумф на овој меч. Ал Ахли по примениот погодок се обиде да стигне до израмнување на резултатот, но, на крајот сепак Коринтијанс се пласира во големото финале.
Утре се игра и второто полуфинале, во кое европскиот првак Челси ќе ги одмери силите со мексиканскиот тим Монтереј.