Координирани контроли на полицијата и инспекторатите во угостителски објекти во Кавадарци, констатирани бројни неправилности

На подрачјето на Кавадарци вчера од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци и Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и содејство со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, извршена е контрола во повеќе угостителски објекти.

Како што денеска информираат од МВР, при контролата констатирани се неправилности во локалите за што се изречени соодветни глоби, и тоа за неиздавање фискални сметки, за непоседување на книги за дневни финансиски извештаи, за неприкажување промет од македонски производи и неевидентирани парични средства и за непочитување на одредбите од Законот за заштита од пушењето.

Прочитајте и:  СДСМ: Разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара

Од страна на полициските службеници при контрола во еден угостителски објект пронајдени се остатоци од прашкаста материја, а при преглед кај едно лице пронајдено е и одземено пакување со кокаин и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

- Реклама -