Ако сте пораснале во поскромно семејство, можно е да имате помал мозок.
Резултатите од контроверзната студија беа објавени неделава во Nature Neuroscience, а се добиени по анализа на MRI скенови од мозоците на повеќе од 1000 деца, на возраст меѓу 3 и 20 години, откако биле набљудувани во период од 3 години.
Научниците го мереле надворешниот слој на мозокот, кој го контролира јазикот и носењето на одлуки, како и површинската област на церебралниот кортекс.
На когнитивните тестови, децата чии семејства заработувале помалку од 25.000 долари годишно имале послаби резултати од децата чии семејства заработувале 150.000 долари или повеќе. Исто така, овие првите имале и 6% помала мозочна површина од децата растени во побогата средина.
Научниците сугерираат дека ова најверојатно се должи на тоа што таквите деца живеат во недостиг на материјални добра – од една страна, и на тоа што семејствата што помалку заработуваат живеат похаотичен живот – од друга.
Кимберли Нобл, која го спроведе истражувањето, вели дека структурата на мозокот на детето очигледно варира во реципрочно со степенот на едукација и финансиската заработка на родителите. Сепак, Нобл потсетува дека тоа што има корелација не значи и дека токму финансиската состојба е главната причина што предизвикува разлики во детскиот мозок