Контроверзии околу најпопуларната мобилна апликација: Дали е Вибер шпиунска мрежа

 

Вибер во земјава особено стана актуелен во последнава година. До масовна употреба на апликацијата дојде благодарение на два фактори.

viberВибер е апликација за памени телефони која им овозможува на корисниците повици и испраќање на бесплатни пораки и таа се шири како вирус затоа што е актуелна и практична.

За разлика од останатите VoIP услуги, како што е Скајп, Вибер овозможува бесплани услуги од сите мобилни мрежи каде што е инсталиран софтверот на двата уреди.

Апликацијата е дело на компанијата  Viber Media чие што седиште е на Кипар, со развојни центри во Белорусија и Израел, а истата е основана од страна на  израелско – американскиот бизнисмен Талмон Марко.

Прочитај повеќе. Вибер или Вајбер? Дилемата е решена

Сепак, околу мобилната апликација која што го покори светот, владее огромна контроверзија, особено кога е во прашање сигурноста.

Имено, Талмон Марко е израелско – американски преприемач кој работел за Израелските одбранбени сили и добил диплома за компјутерски науки и менаџмент. Тој креирал и развил бесплатна апликација која поенцијално би можела да ги следи разговорите на корисниците и нивните активности, како iMesh ( за кој се говореше дека потајно инсталирал spyware на апаратите на своите корисници) и Bandoo.

Марко самиот кажа дека многумина го обвинуваат дека развил шпиунска мрежа, но тој тврди дека никогаш не зел ни долар од Израел, а таму има само развоен центар.

„Никогаш не му дозволивме никому пристап во разговорите и пораките на Вибер. Саудиската влада им се закани на три компании дека ќе ги изгаси доколку не им биде обезбеден мониторинг – нас, на Скајп и Whatsapp. Само една беше изгасена ( Вибер). Зашрашајте се зошто не се и останатите“, изјави основачот на апликацијата своевремено за „Гардијан“.

Исто така, тука е уште едно прашање на политиката на приватност – копија од именикот. Имено, апликацијата чува копија од сечиј именик на својот сервер, за разлика од други апликации. Така што доколку неколку познаник се исклучи од апликацијата, компанијата добива и број на оние кои не сакаат да ја симнат.

Како и да е, Вибер е апликација на која сите и се радуваме, а не постои цврст доказ што ќе ги поткрепи ваквите шпекулации, па засега се работи само за теории на заговор.

- Реклама -