Контролор од ЈСП физички нападнал патник

28-годишен скопјанец пријавил дека на 31 август бил физички нападнат од контролор во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие.

Овој настан е евидентиран во дневниот Билтен на МВР.

На 31.08.2018 година во 19,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Т.Б.(28) пријавил дека истиот ден околу 16:45 часот на улицата „Љубљанска“ во автобус на ЈСП број 15, од страна на контролор на ЈСП бил физички нападнат со тупаница во пределот на устата. Според пријавата контролорот дошол до Т.Б., му побарал билет и откога проверил, побарал од пријавителот да плати повторно карта. Тој одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

- Реклама -