Контра од учебници: Ди Марија за 2-0 после неверојатна акција на „гаучосите“ (ВИДЕО)

Аргентина дојде до 2-0 само 13 минути откако Лионел Меси погоди за водство после пеколната контра со акција на прва и во пет потези, со завршница на Анхел Ди Марија, кој се врати во првиот состав за финалето како „тактичко изненадување“ од Лионел Скалони.

Аргентина има огромна предност и е на чекор до светска слава после фантастичните повеќе од половина час, со тотална доминација и извонредни акции.

- Реклама -