Конструирана уметност

УметностМетју Албаниз е уметник кој создава макети и минијатури од предмети што можат да се најдат во домаќинството. Потоа ги фотографира и создава многу моќни фотографии кои на моменти ќе ве измамат дека гледате во нешто многу поголемо и далеку позначајно…

Метју Албаниз е уметник кој создава макети и минијатури од предмети што можат да се најдат во домаќинството. Потоа ги фотографира и создава многу моќни фотографии кои на моменти ќе ве измамат дека гледате во нешто многу поголемо и далеку позначајно…

„Мразокршач“, макета направена од 11 килограми шеќер готвен на варирачки температури, во комбинација со други прехранбени производи (сол, јајца, брашно итн.)
Уметност

„Сѐ што некогаш бевме“
, макета направена од пепел, малтер, хартија и жица (за знамето). Земјата е видео проекција на ѕидот.
Уметносст

„Торнадо“
, макета направена од стаклена волна, памук, измелен магдонос и мов.
Уметност

„Марс“
, макета направена од црвен пипер, буковец, цимет, мелени индиски ореви и јаглен.
Уметност
„Вулкан“, макета направена од малтер, памук, фосфорно мастило. Осветлувањето доаѓа одоздола, од 6 светилки од по 60 вати.
Уметност

„Запалена соба“
, макета направена од дрво, најлон, плексиглас и мебел од куќа за кукли. Макетата била вистински запалена за да се постигне најдобар можен ефект.
Уметност

„Солени водопади“
, макета направена од стакло, плексиглас, малтер, гранчиња, мов, сол, насликано платно и сув мраз. Ефектот на водопадот е постигнат со истурање на сол.
Уметност

„Поле по бура“
, макета направена од вештачко крзно (полето), памук (облаците) и малтер (планините).
Уметност

Оваа макета е направена со мешање на повеќе нешта. Малтер, мов, четки за чистење шишиња, итн. Небото е сино обоено платно, а сѐ е направено врз маса за во двор со шарено стакло.
Уметност

- Реклама -