Конкурс за уредници на 365.com.mk

2000-Мислите дека имате интересни информации и вести кои би сакале да ги споделите со македонската интернет публика? Би сакале да бидете дел од новата 365 заедница, да пишувате и притоа целиот свет да има можност да ве прочита? На следната страна прочитајте ги нашите пропозиции и како да станете уредник на 365.com.mk.

Што можеме да ви понудиме?
2000

Слобода

Конечно. Оние што ќе се пријават за надворешни соработници на 365.com.mk ќе можат да пишуваат стории по своја волја и да го направат тоа под нивни услови. Ние ја уредуваме содржината само тематски спорадично, но нема да ве натераме да ги смените вашите ставови доколку сметате дека постои голема група која ќе го чита тоа што сте го напишале.

Изложување

365.com.mk стана силен алтернативен медиум благодарение на Вас и тоа е нешто што неможе повеќе да се занемари.

Според нашите информации од статистиката, 365.com.mk се наоѓа во 10-те најпосетувани македонски сајтови. Нашата последна анкета открива разновидни групи на луѓе кои го посетуваат сајтот – славни фаци, новинари, студенти, политичари, компјутерџии, блогери, музичари, фотографи и дизајнери не читаат секојдневно.

Покрај тоа што ќе пишувате, дополнително ќе имате и можност да добиете акредитација за многу интересни настани, интервјуа со вашите идоли, журки и конференции каде ќе запознаете еден куп забавни луѓе!

Ред

Слобода без ред е еднакво на хаос. Ние ќе ви помогнеме да останете во нормала и да делувате ефективно.

Пари

Не можеме да ви дадеме многу. Барем не засега. Тоа е факт. Но, би можеле заедно да се потрудиме да го претставиме замисленото, а вистинската заработка ќе дојде додека кажете 365!

Што треба еден уредник на 365.com.mk да поседува

Треба да верувате дека сте најдобри во тоа што го правите.

Нашата визија за уредник на 365.com.mk е личност која не се плаши да каже што мисли. Некој што има новинарско искуство и смисла за хумор која ќе ги натера читателите да доаѓаат повторно поради оваа оригинална комбинација. И под смисла за хумор не мислиме на Си биле Мујо и Хасо и едниот му рекол на другиот…

Некој што има вокабулар, но сепак може да пишува околу жаргонот. Некој со работна навика, натпреварувачки дух што може да ги забележи интересните вести навреме и има способност да пишува наслови кои нема да ги остават читателите рамнодушни.

Што? Сакате да ни кажете дека сте посветени само на одредена област и редовно ги пратите најновите вести од технологијата, музиката, компјутерите, софтверот и слично? Одлично! Замислете 20 едитори и 20 нови вести секојдневно од различни категории!

Новите уредници ќе имаат кратка обука за поставувањето на вестите, потрагата по информации и креирањето на сторија. За оние што би сакале да пишуваат од странство, тоа ќе биде изведено онлајн.

Ова не е лесна работа, но е можеби најисплатливата во поглед на тоа што вашиот напис ќе го прочитаат илјадници луѓе – вашиот збор сега значи нешто многу повеќе и преку него индиректно влијаете на светот (во најмала рака Македонија, Скопје). Верувајте, тоа е неспоредливо чувство.

Најдобриот дел од сето ова е што не мора да станувате од кревет. Не мора ни да одите во канцеларија на работа. Но сепак, ако сакате да излезете од дома, би можеле да дојдете од време на време во нашите простории и да помуабетиме со кафенце и кока кола.


Аплицирајте

Кажете ни нешто за себе. Сакаме да знаеме повеќе за Вас. Колку прекрасна личност сте, каде сте оделе на училиште, каде излегувате (Стварно, каде излегувате?)

Слободно пратете ни ваша фотографија, слика од одмор или пак фотка од вашата девојка:)

Пратете ни сѐ што мислите дека би било релевантно за оваа апликација.

И не го пропуштајте вашето работно искуство, какво и да е. Ние не вработуваме CV-ја, туку личности со карактер и емоции со кои би сакале да се дружиме и надвор од овој сајбер простор.

Да заокружиме, мислиме дека кажавме скоро сѐ. На Вас е да одлучите дали сакате да ни се придружите и да учествувате активно во градењето на оваа 365 заедница.

Сите заинтересирани можат да ни напишат на е-пошта writers@365.com.mk

Ова е само првиот чекор во серијата иновативни прошетки со 365.com.mk. Изненадувањата допрва доаѓаат…

Поздрав,
365.com.mk Team

- Реклама -