„Утрински весник“ доделува единствена годишна награда „Роман на годината“, за која можат да конкурираат сите романи напишани и објавени на македонски јазик, a се состои од плакета и паричен износ од 150.000 денари. Досега се пријавени 25 наслови, а најавени се уште неколку кои заедно со веќе пристигнатите, ќе се впуштат во трка за престижната литературна
награда „Роман на годината“. [Утрински]