„National Geographic“ ги поканува фотографите ширум светот да се приклучат во конкурсот за најдобра патувачка фотографија за 2013 година. Добитникот на престижната награда ќе добие 10-дневна експедиција на Галапагос за двајца, а повеќе информации за натпреварот можете да пронајдете на нивната официјална веб-страница. Рокот за пријавување е до недела, 30 јуни, 23:59 часот. Подолу селектиравме некои од најдобрите фотографии испратени годинава кои веќе претставуваат фаворити на многумина.