АКО ИЗГУБИМЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ, БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ БИ ЈА ДОУНИШТИЛ ВМРО-ДПМНЕ
Доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби претседателските избори во април, одговорноста ќе биде лична на Христијан Мицкоски и тој треба да се повлече од лидерската функција во партијата, вели Ивица Коневски, кој два мандати беше градоначалник на Општина Аеродром.
Коневски не е меѓу избрканите членови на партија, не е ниту дел од новото раководство, има функција како советник на Мицкоски за Град Скопје. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека е загрижен за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ откако по гласањето за уставни измени, беа исклучени дел од членовите на партијата.
„Многу беше погрешен пристапот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски со исклучување на членови. Многу од членовите се дистанцираа од самиот претседател, а има и голем број кои воопшто не доаѓаат во партија само заради тие политики на поделби на предавници и патриоти. Тоа беше погрешен чекор и самата партија ја носи во погрешен правец“, вели Коневски.
Според него партијата има поддржувачи и висок рејтинг за разлика од оној на Мицкоски.
„Рејтингот на претседателот Мицкоски е трипати помал од тој на партијата. Мислам дека претседателот треба да смогне сили да ги обедини сите луѓе без разлика кој од нив му се допаѓа, а кој не, во интерес на партијата, членството, но пред се во интерес на државата за да може ВМРО-ДПМНЕ да дојде пак на власт. Треба да му дадеме шанса на Мицкоски за претседателските избори. Јас сум оптимист по природа, но по ова прашање дека тој ќе ги обедини сите, од ден на ден, сум сè поголем песимист. Доколку ги изгуби изборите покрај една ваква катастрофална состојба и власт која ништо не испорачува, заради тоа што нема капацитет да ги обедини сите чинители, одговорноста ќе биде лична на Мицкоски. Заради доброто на партијата и членството доколку ги изгуби изборите треба да се повлече од лидер“,вели Коневски.
Целата статија на СДК.мк