Финалистите од X factor, заедно со менторот Кики Лесендриќ ќе одржат концерт во арената Борис Трајковски на 14 март.
Во организација на „Балкан Медија“ конечно ќе имаме можност да слушнеме во живо дел ( само тие од фотографијата) , од учесниците на шоуто, меѓу кои и нашиот Даниел Кајмакоски.
Влезниците од денес ќе бидат пуштени во продажба на продажните места на “Купи Карти За Се” како и на стандардните продажни места низ Скопје и цела Македонија: “Пола Југотон”, цвеќара “Розе” во “Веро 2”, и “Камарад” во “Рамстор”.
Цената на влезниците до 5 март е 400 денари за трибините, 350 за седиштата во партерот, 700 денари за фан пит влезниците и 1000 за вип трибините.