Скот Иствуд, син на познатиот актер и режисер, Клинт Иствуд, сними филм во кој го покажа своето совршено тело.
Се чини дека улогата на Скот во филмот „Најдолгото возење“ значително го прослави младиот актер.
Всушност, 28-годишниот син на Клинт глуми во долго очекуваниот романтичен филм, а бидејќи во него Скот ги покажува своите совршени стомачни мускули и извајаното тело, сигурни сме дека тоа ќе ги израдува неговите обожавателки.
Главна женска улога ќе ја игра Бритни Робертсон. Трејлерот за филмот можете да го погледнете подолу: