Во последно време пејачката, која беше пример на милиони тинејџерки во светот во 90-тите, изгледа лошо. Конечно папараците ја уловија со погодена шминка, па ќе и простиме за несредената фризура.
По се изгледа дека Бритни Спирс повеќе не се труди да импресионира никого, па во јавноста се појавува во тренерки, со несредена фризура и малку шминка. Папараците ја уловија во неделата во Калифорнија со нејзиното момче Дејвид Лукадо.
31-годишната пејачка е мајка на Шон Престон, 7, и Џајден Џејмс,6, од нејзиниот брак со Кевин Федерлајн.