Хурем, од турската серија Величествениот ја шокираше јавноста кога одеднаш ја напушти серијата и избега во Германија.Медиумите шпекулираа дека причините за тоа се депресија, бременост и што ли уште не. Конечно актерката Мерјем Узерли го даде долгоочекуваниот одговор. Таа вели дека доколку останела би го уништила својот живот.
– Морав да заминам од Турција. Се обидов да скокнам од тераса и направив многу грешки… Си зададов напорно темпо, работев како машина и по цели ноќи учев текстови. Мојот живот стана серијата и Хурем – вели атрактивната актерка.
Таа додала и дека никогаш нема да му се врати на поранешниот свршеник, но се надева дека еден ден ќе може да му прости зашто ја напуштил.
Во послесдната сезона од серијата се појави нова актерка која го заменува нејзиниот лик, но Турција и Блаканот се уште не можат да ја преболат неа. Се прослави како Хурем, па веројатно тоа и ќе остане само таа, до крајот на снимањата.