Партијата Величие која со обработени 99,71 проценти протоколи имаше 4,01 отсто од глласовите, според последните податоци, добива 3,9 проценти, што значи дека не го поминаа потребниот праг за влез во парламентот
Со 100 отсто обработени протоколи во РИК за изборите за Народно собрание на Бугарија, води партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС со 26,38 отсто, втори се Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија на Кирил Петков со 14,2 отсто. Податоците се објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК). Партијата Величие која со обработени 99,71 проценти протоколи имаше 4,01 отсто од глласовите, според последните податоци, добива 3,9 проценти, што значи дека не го поминаа потребниот праг за влез во парламентот. Во парламентот влегува и партијата Има таков народ на Слави Трифонов која има освоено 6,77 отсто од гласовите.
Резултатите ја покажуваат следната распределба на гласовите:
ГЕРБ-СДС – 642 931 гласа или 26,388 проценти
Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија – 346 063 гласови или 14,203 проценти
Преродба – 325 468 гласови или 13,358 проценти
ДПС – Нов почеток“ – 281 366 гласови или 11,548 проценти
БСП – Обединета левица – 184 403 гласови или 7,568 проценти
Сојуз за права и слободи – 182 263 гласови или 7,481 проценти
Има таков народ – 165 160 гласови или 6,779 проценти
МЕЧ – 111 946 гласови или 4,595 проценти
Величие – 97 430 гласови или 3,999 проценти
„Не поддржувам никого“ се изјасниле 82 618 гласачи.
Синоќа лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, рече дека се сигурни во победата и оти се обврзуваат да формираат влада.
Борисов по првичните резултати: Нема да има влада ако осум партии влегуваат во парламентот
Посочи дека е подготвен да коалицира со сите што ја поддржуваат програмата на ГЕРБ-СДС, освен со партијата Преродба, со која рече дека имаат идеолошки разлики.
Според него, победата на ГЕРБ е сигурна, а доказ за тоа е и оти нема ниту поплаки за купени гласови и манипулации.
Граѓаните на Бугарија вчера избираа 240 пратеници во 51. Народно собрание. Ова беа седми избори во последните четири години, а шести предвремени по редовните на 4 април 2021 години.