Потрагата и спасувачките операции за преживеаните во земјотресот кој ја погоди Албанија официјално е завршена, бидејќи се верува дека нема повеќе тела во рушевините.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, соопшти дека во земјотресот со силина од 6,4 степени по Рихтер, кој ја погоди оваа земја, загинале 50 луѓе. Тој додаде дека околу 2000 луѓе се повредени
Рама рече дека прелиминарните проценки покажуваат дека околу 900 згради во драч и повеќе од 1.465 во Тирана се сериозно оштетени.