Кондов за понудата на Орбан: На Бугарија не и требаат посредници

„Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес“. Ова го изјавил  министерот за надворешни работи во техничката влада на Бугарија Иван Кондов за БГНЕС, коментирајќи го понуденото посредништво на унгарскиот премиер Виктор Орбан за надминување на проблемите меѓу Софија и Скопје.

Орбан денеска по средбата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Охрид изјави дека Унгарија е подготвена да го искористи Претседателството со ЕУ и да посредува во прашањето со Бугарија.

– Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник, ќе видиме. Тоа е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да работиме на тоа да се најде решение, такво какво што одговара и на Македонија и на Бугарија. Но, тоа е работа на страните кои се во конфликт, ние сме тука да им помогнеме, изјави Орбан.

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана

Во однос на одвојувањето од Албанија на патот кон ЕУ, Орбан рече дека тоа е голема грешка и порача дека земјава до крајот на годината мора да ги започне преговорите за зачленување во ЕУ.

– Тешко е да се разбере од една нација постојано да се залажува со започнување на преговорите за членство, а потоа сите оние држави со кои заедно тргнаа во овој процес напредуваат, а нив ги држат во позадина, кажа унгарскиот премиер, кој е во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

- Реклама -