Сега откако калифорниските власти најавија дека размислуваат кондомите да бидат задолжителни во порнографската индустрија некои од луѓето во индустријата го поставуваат прашањето дали тие се безбедни.
Ова е чудно прашање со оглед на тоа што причината за нивното користење е создавање на побезбедна работна средина без опасност од сексуално преносливи болести. Но некои луѓе мислат дека кондомите штетат повеќе отколку што помагаат.
Тие се прашуваат дали кондомите би создале илузија на безбедна работна средина со што би поттикнале поризично однесување. Еден адвокат кој соработува со индустријата истражувал и открил дека кондомите содржат хемикалија која е познат канцероген. Хемикалијата, Нитросаминес, е регулирана под калифорниските закони како опасна.
Еве што хемикалијата може да му направи на човечкото тело:
- Потенцијални симптоми: Иритација на очите, кожата, респираторниот тракт; вртоглавици, повраќање; абдоминални грчеви; главоболки; раздразнето грло; кашлица; физичка слабост; висока температура; зглемен црн дроб; намалена функција на црниот дроб, бубрезите и белите дрбови
- Ефекти врз здравјето: Рак (HE1); Цироза на црниот дроб (HE3)
- Органи кои страдаат: Црниот дрбо, бубрезите, белите дробови.
Адвокатот додава дека според него причината поради која ова прашање не се појавило во дебатата за задолжително воведување на кондоми во порнографската индустрија е бидејќи прашањето било подигнато од AIDs Healthcare Foundation. Тој мисли дека фондацијата се грижи само за пренесување на пораката за безбеден секс на јавноста на сметка на здравјето на изведувачите.