Кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Гебхард Грич зборува за состојбата на српскиот тенисер пред да ја врати победничката форма.
Новак Ѓоковиќ го надмина тешкиот период и повторно се врати силен, сега е прв на АТП листата, таму каде што долго време беше порано.
Кондицискиот тренр Гебхард Грич оваа година се врати во стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ и е еден од заслужните за подобрувањето на формата на Србинот.
„Кога повторно почнавме да работиме, не ни мислевме дека ќе се случува ова. Новак беше физички неспремен, многу работи во играта му недостасуваа, но најголем проблем му беше психолошкиот бидејќи не знаеше каде се наоаѓа“, вели Австриецот.
„Почна повторно да живее по тениските правила. Знаеше дека ако мисли да руши рекорди, мора брзо да почне да работи сепак има 31 година“.
„Кога се собравме, ме праша дали некогаш повторно би можел да освои Грен Слем. УС Опен ни беше цел, а Новак веќе блесна на Вимблдон“.