Здружението „Љубители на класична музика“ Скопје ,по 16-ти пат организира Свечен концерт по повод Светскиот ден на хармониката, вечерва во 20 часот во Музејот на македонската борба во Скопје. Ќе настапат реномирани уметници од земјава, како и студенти од класата на професорката Зорица Каракутовска од Факултетот за музичка уметност Скопје. Покрај солистичките точки, на концертот ќе настапат и хармоникашки камерни ансамби, како и камерни ансамбли составени од хармоника и други инструменти.
На програмата се дела од Семјонов, Зубицки, Штраус, Пјацола, Бете Илин и други.
Светската унија на хармоникашите во 2009 година го прогласи 6 мај за Светски ден на хармониката (World Accordion Day), бидејќи токму на овој датум во 1829 година е патентирана првата хармоника.
Роденденот на хармониката се чествува во многу земји низ светот, а овој меѓународен проект во Македонија е поддржан од Министерството за култура, како проект од национален интерес.
Влезот е слободен.
„Љубители на класичната музика“ е членка на Светската Унија на хармоникашите Confédération Internationale des Accordéonistes (CIA) Member of the International Music Council (IMC-UNESCO)