Концерт на Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски – „COLORS OF MACEDONIA“ во Битола 

На 5 Август во Битола, пред платото на Офицерскиот дом во 21 часот, Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски ќе одржат концерт насловен како „COLORS OF MACEDONIA“. 

„Со особено задоволство, го најавуваме настанот кој низ музика ќе ја раскажи македонската приказна. Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски, ги покануваат нивните долгогодишни пријатели и музички соработници, во еден несекојдневен музички проект насловен како „COLORS OF MACEDONIA“.  Музика создадена специјално за оваа музичка приказна, која што ќе одзвони. Музичарите како Алек Секуловски, иноватор ,професор и специјалист по тапани, кој што има богата музичка кариера,и живее и работи во Торонто, Давор Јордановски, композитир и клавијатурист исто така живее и работи низ целиот свет, Александар Петров перкусионист кој живее и настапува моментално во Дубаи, Филип Динев гитарист кој живее и работи во Хамбург Германија, и уште многу други музичари, на чело со Вера Милошевска, нам добро познатиот женски вокал ќе ја облагородат битолската музичка атмосфера, со музика инспирирана од многуте векови натрупаното македонско музичко богатство, преточена во модерна музика„ порачуваат организаторите.

Прочитајте и:  „Конзулката од Битола“- интерактивна кукла-робот поставена во Градското шеталиште
- Реклама -