Џез составот Next to Silence вечерва во 22 часот ќе одржи концерт во клубот „Џез ин“ во Охрид. Најава за концертот е музичкото видео за композицијата Tsunami, снимен на археолошкиот локалитет Плоча-Миќов Град на Охридското Езеро, во соработка на музичката група со Заводот и музеј од Охрид и Центарот за истражување на предисторијата. Автор на видеото е Христијан Талевски, а звукот е снимен од Ивица Јанкуловски.