Нов концепт автомобил од Астон Мартин

Британскиот производител на луксузни автомобили Астон Мартин уште пред неколку години најави преродба на подзаборавената марка Lagonda.

Во моментов предводник на брендот е моделот DBS, но тој го претставува Астон Мартин во еден необично динамичен сегмент. Затоа и Британците се враќаат на Lagonda, чиј концепт беше претставен во 2009 година и потоа не се слушна ништо за него. Autocar го цитира шефот на компанијата Улрих Бец, кој вели дека првата верзија на Lagonda добила многу критики, но сепак проектот е уште жив.

Намерите на Астон Мартин се да му конкурира на другиот британски производител на луксузни автомобили, Бентли, кој на саемот во Женева го покажа својот премиум кросовер. Верзијата која најверојатно ќе го носи името Falcon доби доста критики, но тоа не ги предомисли нејзините креатори и тие работат доста активно најмногу во промената на дизајнот.

Според експертите на Бентли, реално ќе имаат доста потешкотии во обидите да ја наметнат на пазарот возила од сличен вид. Согласно ова и во Aston Martin се решија на сличен потег. Според податоците на IHS Automotive, продажбата на Астон Мартин DBS во 2009 година била само 691 возило, а во 2010-та 824 (во оваа бројка влегува и кабриолет изданието), што е само 5% од сегментот.

Најголемиот конкурент на Британците, Ламборгини Гаљардо, има два пати поголема продажба. Бидејќи во Ламборгини исто така сериозно размислуваат за кросовер и седан, реакциите на Астон Мартин се сосема на место.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -