Кон крајот на април пик, потоа постепено се враќаме во нормала

Се наоѓаме во фаза на строги мерки во однос на рестрикциите на движењата на граѓаните. Но се подготвуваме и за периодот на враќање во нормала. Согласно предвидувањата дека кон крајот на април ќе го достигнеме врвот на епидемијата, по што животот би почнал постепено да се враќа во нормала, вели Венко Филипче, министерот за здравство.

„Секогаш постои ризик и за втор пик. Затоа почнаваме интензивни комуникации со претставниците на стопанските комори и од наша страна ќе им се стави до знаење како треба работниот процес полека да почне да се враќа во нормапа. До сега успешно го избегнуваме наглиот раст на заразени пациенти“, рече Филипче.

Mkd.mk

- Реклама -